Како функционира BIF Патник – апликацијата за патник?
И двете апликации алудираат на четири едноставни чекора и тоа:
- Симни ја апликацијата;
- Регистрирај се/ Најави се;
- Уреди профил и
- Бифувај безбедно.
Откако ќе ја симнете апликацијата и ќе се регистрирате како BIF Патник потребно е да креирате свој профил, што опфаќа уредување на Вашите лични податоци. Секој патник, како и секој возач има профил со негови податоци и податоци за возилото, така што патниците ќе знаат со кого патуваат и тоа им овозможува сигурност и безбедност, а исто така и возачите ќе знаат со кого патуваат, кого ќе внесуваат во своето возило.
После тој чекор Вие сте веќе регистриран BIF Патник и апликацијата Ве води кон мапата каде што ќе можете да патувате. При потрага на превоз, апликацијата Ве лоцира, па ја внесувате дестинацијата на која сакате да одите и категорија на возило со кое би сакале да се возите и првото слободно возило во Ваша близина ќе го преземе Вашиот повик.
BIF Today дигитална платформа вклучува избор. Тоа значи дека возачите кои ќе се регистрираат ќе можат да вклучат повеќе возила за сообраќајно бифување, а патниците ќе имаат можност да изберат со каква категорија на возило ќе се возат. BIF Today нуди можност за избор од следните категории на возила:
- BIF Такси – S и L
- BIF Возило – S и L
- BIF VIP Возило – S и