Што е BIF Today
BIF today е компанијата која ја носи најголемата иновација на нашите простори.
BIF Today е компанија чија главна цел е преку дигитална платформа, за првпат, да ги спои патниците и возачите.
Спојувањето на патниците и возачите се однесува на посредување при превезување, а BIF Тoday тоа го врши преку алгоритамот кој се базира на две мобилни апликации:
- Мобилна апликација BIF Патник и
- Мобилна апликација BIF Возач.
BIF today е дигитална платформа која претставува синоним за современост и иднина.
Како функционира BIF Today дигиталната платформа?
Како што е веќе напоменато, станува збор за дигитална платформа составена од две апликации, односно, BIF Возач и BIF Патник, којашто се карактеризира со лесна достапност, едноставност при користење и можност да се симне на сите паметни телефони.
И двете апликации алудираат на четири едноставни чекора и тоа:
- Симни ја апликацијата;
- Регистрирај се/ Најави се;
- Уреди профил и
- Бифувај безбедно.
Патниците кои ќе ја користат апликацијата BIF Today ќе имаат опција од било која локација да го ангажираат својот превоз, безбедно, брзо и без дополнителни трошоци да стигнат до посакуваната локација.
Возачите регистрирани на оваа апликација ќе имаат имаат бенефит од дополнителна заработка и работење во било кое време од денот.
Тоа би значело дека:
- BIF Today нема опрератори;
- BIF Today нема местенки за добиени повици;
- BIF Today нема зафатени оператори;
- BIF Today нема потреба да се запрашате до каде е превозникот.
BIF Тoday дигиталната платформата функционира на компјутеризиран (автоматски) начин.
Можеби се прашувате како сето ова функционира на автоматизиран начин?
Функционирањето е базирано на иновативниот алгоритам на самата компанија која од ден на ден се подобруваат системските чекори на алгоритмот се’ со цел да Ви излеземе во пресрет за поефикасен, поедноставен и безбеден начин при опслужувањето на услугата.
Што вклучува BIF Today дигиталната платформа?
BIF Today дигитална платформа вклучува избор! Тоа значи дека возачите кои ќе се регистрираат ќе можат да вклучат повеќе возила за сообраќајно бифување, а патниците ќе имаат можност да изберат со каква категорија на возило ќе се возат. BIF Today нуди можност за избор од следните категории на возила:
- BIF Такси – S и L
- BIF Возило – S и L
- BIF VIP Возило – S и L
Иницијализација
BIF Патникот преку својата мобилна апликација побарува превоз. BIF платформата врз основа на податоците кои ги внесува патникот, како што се: почетна точка, дестинација и категорија на возило, BIF today платформата пребарува во својата дата база најблизок BIF Возач до BIF Патникот. Потоа му нуди превезување на BIF Патник. Ако BIF Возачот ја одбие понудата, самата BIF платформа автоматски ќе го понуди превезувањето на вториот по ред близок BIF Возач. Се’ додека некој од BIF Возачите не ја прифати понудата. Овој процес не трае повеќе од две минути.
Откако некој од BIF Возачите ќе ја прифати понудата за превезување, започнува процедурата за интерконекција на BIF Возачот и BIF Патникот.
Целата процедура започнувајќи од преземање на патникот и негово превезување до неговата посакувана дестинација, и на крај наплаќање за услугата ја координира и ја предводува BIF today платформата преку координирање со информации до BIF Возачот и BIF Патникот.
За останати информации:
Официјален e-mail: