Што е BIF Today?

image

Што е BIF today?

BIF today е компанија која посредува при превезување. Посредувањето се врши преку BIF today алгоритамот кој се базира на две компоненти:

  • BIF Today платформа  и
  • мобилни апликации (BIF Патник и BIF Возач)

Преку платформата се врши интерконекција на превозниците и патниците со цел за нивно превезување.За да се користат услугите кои ги нуди самата BIF Тoday платформа, мора да имате личен профил регистриран на оваа платформа.

BIF Today платформа

BIF today платформата претставува главен фактор при регистрацијата на корисниците на самата платформа. Преку BIF today платформата патниците и возачите можат да креираат свои кориснички профили преку кои можат да ги користат услугите во BIF today платформата.

На веб сајтот на BIF today (www.bif.today) се кликнува на копчето Регистрирај се. Веднаш по кликнувањето, Ви се прикажува избор за регистрирање на тип на корисник: BIF Патник или BIF Возач.

Регистрација на BIF today – Патник

По избирање на опцијата BIF Патник за регистрација се прикажува форма за пополнување за патник. Пополнувањето на формата и завршување на процесот на верификација не трае повеќе од 1 минута.

Со ова вие станувате корисник на BIF today платформата како BIF Патник.

Регистрација на BIF today – Возач

Доколку поседувате сопствено возило и имате лиценца за превезување, слободно можете да се регистрирате на BIF today платформата, преку која ќе го зголемите бројот на патници кои ќе ги превезувате, а со тоа и вашиот дневен приход.

За да се регистрирате како BIF возач, се избира опцијата BIF Возач за регистрација, потоа се прикажува форма за пополнување за Возач. Пополнувањето на формата за возач се разликува во однос на формата за BIF Патник.

Тоа е поради Политиката на работење (види линк) на самата BIF today компанија.

Со пополнување на сите потребни податоци профилот мора да помине низ така наречена процедура на верификација од страна на BIF today компанијата. По успешното верифицирање на Вашиот профил добивате СМС известување за користење на BIF today платформата.

Доколку BIF today има некои забелешки во однос на внесените податоци, ќе Ве извести преку СМС и преку е-маил во кој ќе Ви ги наведе сите забелешки кои треба да ги отстраните за да позитивно се верифицира Вашиот профил.

Откога ќе добиете позитивна порака за успешна верификација на Вашиот BIF Возач профил, Вие станувате корисник на BIF today платформата како BIF Возач и слободно можете да ги користите придобивките од оваа иновативна платформа.

Како фунцкионира платформата?

  • BIF Today нема опрератори
  • BIF Today нема местенки за добиени повици
  • BIF Today нема зафатени оператори
  • BIF Today нема потреба да се запрашате до каде е превозникот

BIF today платформата функционира на компјутеризиран (автоматски) начин

Можеби се прашувате како сето ова функционира на автоматизиран начин?

Функционирањето е базирано на иновативниот алгоритам на самата компанија која од ден на ден се подобруваат системските чекори на алгоритмот се’ со цел да Ви излеземе во пресрет за поефикасен, поедноставен и безбеден начин при опслужувањето на услугата.

Барање и добивање на превоз

Превозниците кои како корисници на BIF today платформата се најавени во мобилната апликација наменета за BIF Возачите, имаат опција да изберат во која опција ќе бидат со својот статус во апликацијата.

Offline опција се избира доколку сакате да направите пауза, и при избирање на оваа опција, нема да добивате повици за превезување.

Доколку изберете, Online oпција, тогаш вие сте мета на избирање од страна на нашиот BIF today алгоритам и нудење на превоз за BIF Патници кои побаруваат превоз близу до Вас.

Иницијализација

BIF Патникот преку својата мобилна апликација побарува превоз. BIF платформата врз основа на податоците кои ги внесе патникот, како што се: почетна точка, дестинација и категорија на возило, BIF today платформата пребарува во својата дата база најблизок BIF Возач до BIF Патникот. Потоа му нуди превезување на BIF Патник. Ако BIF Возачот ја одбие понудата, самата BIF платформа автоматски ќе го понуди превезувањето на вториот по ред близок BIF Возач. Се’ додека некој од BIF Возачите не ја прифати понудата. Овој процес не трае повеќе од 2 минути.

Откога некој од BIF Возачите ќе ја прифати понудата за превезување, започнува процедурата за интерконекција на BIF Возачот и BIF Патникот.

Целата процедура започнувајќи од превземање на патникот и негово превезување до неговата посакувана дестинација, и на крај наплаќање за услугата ја координира и ја предводува BIF today платформата преку координирање со информации до BIF Возачот и BIF Патникот.

За останати информации:

Официјален e-mail:
[email protected]