Политика на приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОС на БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје

Политиката на приватност го уредува начинот на кој БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ги собира, обработува,користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците на апликацијата Bif.today.

НАПОМЕНА

Ги молиме сите корисници на апликацијата BIF.TODAY внимателно да ја прочитаат политиката на приватност на апликацијата, со цел да бидат запознаени како се користат личните податоци кои БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ги собира од корисниците на апликацијата (патници и возачи и други корисници).

Со пристапување кон апликацијата, корисникот (патникот, возачот или друг корисник) потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови наведени во Политиката на приватност и со начините на користење на апликацијата.

Доколку корисникот не се согласува со условите наведени во Политиката на приватност и со кое било прашање во врска со прибирање, користење, чување и други дејствија поврзани со личните податоци, го молиме да не пристапува кон апликацијата, да не наведува лични податоци или било какви други податоци и да не ја користи апликацијата.

Известување за приватност

Во врска со напред наведеното би сакале да Ве информираме за следното:

• зошто ги обработуваме Вашите лични податоци;

• за која цел ги обработуваме;

• дали морате да ни ги дадете Вашите лични податоци;

• колку долго ги чуваме Вашите лични податоци;

• дали ги споделуваме со други субјекти Вашите лични податоци;

• дали се врши пренос на Вашите лични податоци во друга земја.

Контакт Податоци на контролорот

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ СКОПЈЕ е контролор на личните податоци, освен ако не е поинаку определено со овој документ.

·              Контакт адреса: ул.Димитрие Чуповски бр.4/2-11 1000 Скопје

·              Телефонски број: 00389(0)70 503 530

·              Eлектронска адреса [email protected]

Контакт инфомрации  на офицерот за заштита на лични податоци

Нашиот Офицер за заштита на лични податоци може да го контактирате на телефон: 00389(0)70253788 односно електронска адреса [email protected].

Како ги добиваме личните податоци ?

Повеќето лични податоци што ги обработуваме ги добиваме директно од Вас или посредно од други извори поради една од следниве причини:

• Доброволно ги имате дадено вашите лични податоци за регистрација на апликацијата Bif.today

 • Имате поднесено барање за пристап до информации кај нас.

• Сакате да присуствувате или присуствувавте на некој настан ораганизиран од наша страна.

• Се пријавувате на нашиот е-билтен.

• Аплицирате за работа или соработка со нас.

• Вие ја претставувате вашата организација.

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје индиректно добива Ваши  лични податоци, во следните случаи:

• При контакт со некоја органзација за барањето/жалбата што ги имате поднесено и  таа ни ги дава вашите лични податоци во нејзиниот одговор.

• Вашите лични податоци се содржани во извештаите за повреда на законот за заштита на личните податоци  дадени од страна на надлежни институции.

• Подносителот на претставка/жалба Ве споменува Вас во неговата претставка.

• Укажувачите даваат информации за Вас при нивното известување до нас за одредени неправилности во работењето.

• Од други јавни органи, регулатори или тела за спроведување на законот.

• Вработен наш ги дава вашите детали за контакт како итен случај по барање на надлежен државен орган.

Вашите права за заштита на личните податоци

Според Законот за заштита на личните податоци имате права за кои треба да бидете известени. Правата што Ви се достапни, зависат од нашата причина за обработка на Вашите лични податоци.Во продолжение Ве информираме подетално за Вашите права:

Право на пристап

Вие имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци согласно Закон што значи дека не може секогаш да ги добивате сите податоци што ние ги обработуваме. Повеќе за исклучоците можете да се информирате во Дирекцијата за заштита на личните податоци или кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Право на исправка

Вие имате право да побарате од нас да ги исправиме податоците што сметате дека се неточни. Исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме податоците што сметате дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува. Повеќе информации за ова можете да добиете кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Право на бришење

Вие имате право да побарате од нас да ги избришеме вашите лични податоци во одредени околности. Повеќе информации за ова можете да добиете кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Право на ограничување на обработката

Вие имате право да побарате од нас да се ограничи обработката на вашите податоци во одредени околности. Повеќе информации за ова можете да добиете кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Право на приговор на обработка

Вие имате право да приговарате зошто ги обработуваме вашите лични податоци. Повеќе информации за ова можете да добиете кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Право на преносливост на податоци

Ова се однесува само на податоците  што ни ги имате дадено и се применува под одредени услови. Имате право да побарате да ги пренесеме податоците што ни ги дадовте од една во друга организација или да Ви ги дадеме Вам на соодветен медиум. Правото се однесува само ако ние обработуваме податоци засновано на ваша согласност. Повеќе информации за ова можете да добиете кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци .

За сите Барања поднесени до Нас а во врска со обработка на Вашите лични податоци Вие нема  да плаќате никакви трошоци за остварување на вашите права. Ние имаме еден месец ( 30 дена)  да Ви одговоримe.

Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци

Генерално Вашите лични податоци ги чуваме се додека се остварува целта поради која ги имате дадено, односно се додека не го избришете вашиот профил односно корисничка сметка за апликацијата BIF.TODAY. Но за повеќе информации обратете се кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Споделување на вашите лични податоци

 Ние нема да ги споделиме вашите податоци со трети страни за целите на директен маркетинг доколку не добиеме согласност од Вас.

Ние користиме и други обработувачи на лични податоци кои се трети страни кои обезбедуваат услуги за нас врз основа на договор контролор/обработувач. Ова значи дека тие не можат да сторат ништо со вашите лични податоци, освен ако ние не сме им наложиле да го сторат тоа. Тие нема да ги споделат вашите лични податоци со која било организација, освен со нас. Тие ќе ги чуват податоците безбедно и ќе ги задржат единствено за периодот што ние ги имаме обврзано.

Во некои околности, ние сме правно должни да споделуваме податоци со надлежни државни органи. Во секој случај, споделувањето на вашите податоци ке биде исклучиво на  законска основа.

Пренос на вашите лични податоци во друга земја

Ние по правило не вршиме пренос на вашите податоци во трети земји.  По исклучок, вршиме пренос на податоци во земјите на ЕУ кога тоа е потребно заради извршување на договорите со обработувачите. За повеќе информации обратете се кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Обработка на лични податоци на  деца

 Ние не нудиме услуги директно на деца ниту пак ги собираме односно обработуваме нивните лични податоци. Повеќе информации за ова можете да добиете кај нашиот Офицер за заштита на лични податоци.

Обработка на лични податоци на патници и возачи преку користење на апликацијата Bif.today

Обработка на лични податоци на патници и возачи преку користење на апликацијата Bif.today се врши преку:

·             Пренесување на геолошката локација, други податоци и информации до патниците.

Со цел да се обезбедат услугите на „Bif“, односно да се овозможи поврзување на патникот со возачот, БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ги собира и обработува геолошките локации на патниците додека ја користат апликацијата „Bif.today-патник“. Ова значи дека во моментот кога е вклучена апликацијата на патникот, сопственикот на апликацијата ја следи неговата гео локација и може да ја сподели преку апликацијата „Bif.today“ на возачот за да го овозможи и поедностави стигањето на возачот на неговата гео локација. „Bif.today-патник“доделува шифра за препознавање која ќе биде дадена на возачот а се со цел поедноставување на пронаоѓањето.

·             Обработка на личните и другите податоци на возачите.

Патникот не смее да ги обработува, да ги собира, да ги снима, да ги складира, да дава пристап, или употребува на било кој друг несоодветен начин лични податоци на возачите без дозвола од БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје и во согласност со законските одредби. БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје е тој кој обработува лични податоци за патникот и за возачот. Патникот ги има на увид оние податоци од возачите и возилата кои ќе им биде овозможено од БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје. При увидот во податоците на возачот мора да се обврзе со постапката, начинот и условите кои се дадени во политиката за приватност .

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје собира, обработува, чува и во соодветни услови брише лични и други податоци од патниците на кои истите се согласуваат да ги сторат достапни преку креирањето на сметка на апликацијата „Bif.today-возач“, а сето тоа заради непречено функционирање на апликацијата, планираното функционирање на софтверот и комуникацијата.

Возачот мора да ги обработува личните податоци само во согласност со политиката за приватност.

·             Пренесување на гео локација, други податоци и информации до патниците.

Со цел да се обезбедат услугите на „Bif“, односно да се овозможи поврзување на возачот и патникот, БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ги собира и обработува гео локациите на возачот и патникот додека ја користи апликацијата „Bif.today-возач“. Ова значи дека БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ја следи гео локацијата на возачот и може да ја сподели преку апликацијата „Bif.today-возач“ на патникот кој има извршено барање за услуга на превоз а возачот се согласил со давање услуга на превоз за конкретниот патник, а тоа со цел да може да се изврши взаемно пронаоѓање на патникот и возачот, но и заради взаемна безбедност на корисниците на услугата на платформата „Bif.today“. Изрично се согласува возачот, „Bif.today-возач“ да ги прикаже на патникот  неговата шифра, број на регистарска ознака на возилото, фотографија од возачот (доколку изрично даде согласност за тоа) и фотографија од неговото возило, а тоа со цел идентификација на возачот од страна на патникот, но и заради безбедносни причини. Ако сака податоците од гео локацијата и други информации да не бидат достапни за патникот, мора да ја затвори апликацијата „Bif.today-возач“ или да покаже во апликацијата „Bif.today-возач“ дека во моментот не нуди услуги.

·             Обработка на личните и другите податоци на патниците.

Возачот не смее да ги обработува, да ги собира, да ги снима, да ги чува, да дава пристап, или употребува на било кој друг несоодветен начин личните податоци на патниците без дозвола од БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје и во согласност со законските одредби.  Возачот не смее да контактира со било кој патник и да ги користи личните податоци обезбедени од патниците надвор од целта за извршување на услугата на такси превоз. БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје нема да  им овозможи на возачите пристап до личните податоци на патниците корисници на апликацијата.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ги презема сите потребни и достапни мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците, во согласност со позитивните законски прописи. При чување на личните податоци и останатите податоци од корисниците на апликацијата, се воспоставени и инкорпорирани сите стандардни процедури  за безбедност и заштита на истите. Со цел обезбедување на тајност и заштита на личните податоци на корисниците, ги имплементиравме согласно Законот за заштита на личните податоци и другите позитивни законски прописи и подзаконски акти во Република Северна Македонија,но и Општата Регулатива за заштита на личните податоци на Европската Унија(GDPR)  сите потребни мерки за  заштита од случајно и незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до нив, како и заштита од какви било незаконски дејствија на обработка на личните податоци. Целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени се евидентира и чува во согласност со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци. Дадените лични и други податоци се чуваат во добро обезбедена дата база која е заштитена со сите стандардни процедури за заштита, додека прикачените документи, лични податоци и други податоци и информации од корисникот на апликацијата се чуваат во специјално обезбеден драјв кој е независен на серверот.

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје со цел обезбедување сигурност на личните податоци на корисниците, овласти лице одговорно за чување и вршење на сите потребни операции на серверот, дата базата и драјвот каде се наоѓаат личните податоци, а на кој единствено овластеното лице има пристап. На серверот кој го користи БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ќе се врши и енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации.

Сепак, и покрај сите мерки кои БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ги презема заради заштита на личните податоци, напоменуваме дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај преземените разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата апликација.

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на оваа апликација. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по влегувањето во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност.

КОНТАКТ

За сите прашања поврзани со заштита на личните податоци , Ве молиме да се обратите до нас и да испратите електронска порака  на следнава e-mail адреса [email protected] bif.today.