Апликација за BIF Gold Club

ОГЛАС

Сакаш да бидеш дел од BIF Driver старт тимот и да добиеш директно и  бесплатно членство во BIF Driver Gold Club?
Ако ги поседуваш следните квалитети пријави се и доби можност за неограничени поволности.

Што треба да поседуваш:

  • Минимлана возраст од 25 години.
  • Активен возач најмалку 5 години.
  • Пријатни и позитивни лични карактеристики.
  • Поседување на возило поново од 2005 година.
  • Познавање на областите во градот.
  • Претходно искуство како професионален возач е особена предност.
  • Претходно искуство во индустријата за грижа за корисници е предност.

Што добиваш?

  • Бесплатно 3 месечно членство на BIF Driver апликацијата.
  • Парични субвенции за исполнителност (за реализирани над 100 возења во период од 30 дена)*.
  • Смартфон на користење со држач и полнач за во автомобил.

* Паричната субвенција е во износ од 1500 мкд за реализирани 100 возења во рамките на 1 месец и се однесува за промотивен период од 3 месеци.
** BIF Технолоџи Компани го задржува правото, доколку возачот не ги исполнува потребните услови наведени во правилникот да го запре членството на BIF возачот во BIF Gold Club.

Аплицирај

    Правилник за BIF Gold Club

    • Најмалку 90 активни часови како БИФ возач месечно, за првите 3 месеци.
    • Секогаш чисто и уредно возило.
    • Кодекс на облекување – неформално деловен
    • Пријатни манири и позитивен однос кон патниците.
    • Рејтингот како BIF возач да не биде под 4.5
    • Обврска за претплата во наредните 3 месеци
    • Реализирање до 15 ваучери за бесплатно возење месечно во износ од 100 мкд по ваучер (во првите 3 месеци) без надомест од страна на возачот*.

    *Секој BIF ваучер е во износ од 100 денари. Возачот е должен да ги прифати ваучерите кои ќе му бидат приложени од страна на патниците во замена за 100 денари од износот на патувањето. Најмногу еден ваучер за едно возење може да биде употребен од страна на патниците. Возачот е должен секој понеделник да ги пријави сериските броеви на примените ваучери во центарот за корисничка подршка на BIF за евиденција.